Српската пејачка Марија Шерифовиќ по два концерти во „Сава центар“ заврши на инфузија. Пејачката се пожалила на вртоглавица и побарала помош од лекар, пренесуваат српските медиуми.
„Беше исцрпена, затоа ѝ дадоа инфузија. Сега е добро. Подготвена е за наредните концерти“, изјавил извор близок до пејачката.
И покрај коронавирусот, Шерифовиќ вели дека нема намера да ги откаже концертите.
„Никогаш не би го ризикувала здравјето на луѓето, но нека моите концерти бидат гласна борба и поддршка за сите луѓе кои се борат со вирусот. Нема да дозволиме короната да нè скрши. Со музика и добра енергија се молиме за сите луѓе ширум светот“, изјавила Шерифовиќ.
Текстот Марија Шерифовиќ заврши на инфузија е превземен од Reporter.mk.