Марија Спасовска, минатогодишната претставничка на „Јуниор Евровизија“ ја промовира новата песна „Сакам“. Таа го напиша текстот за оваа балада, а музиката и аранжманот се на композиторот Роберт Билбилов. За песната Марија сними и видео во кое користи знаковен јазик. „Сакам и тие што не можат да слушнат, да разберат што пеам“, вели Марија. Режисер на спотот е Зоран Зонде Стојановски.
Текстот Марија Спасовска користи знаковен јазик во новиот спот: „Сакам и тие што не слушаат да знаат што пеам“ е превземен од Reporter.mk.