Марија Спасовска меѓу најдобрите на фестивал во Бугарија

Тинејџерката Марија Спасовска, која лани ја претставуваше Македонија на Јуниор евросонг, учествуваше на интернационалниот фестивал „Летен театар“ во Варна, Бугарија. Таму го освои третото место. Младата пејачка се пофали дека освоила награда и радоста ја сподели на „Фејсбук“.

„Пресреќна сум. Со мојот настап се претставив себеси и Македонија најдобро што можам. Мојата биографија ја збогатив со уште една диплома (3. место). Со мојот настап успеав да го привлечам вниманието на интернационалното жири и да добијам огромен аплауз од публиката на Летниот театар во Варна. Меѓу Бугарија, Израел, Германија, Италија, Грузија, Бразил… Македонија се спомна со освојувањето на една од трите награди“, напиша таа.

Еве една мобилна верзија од вчерашниот настап, а официјалното видео ќе го споделам преку BNT каналот 😍

Posted by Marija Spasovska / Марија Спасовска on Среда, 12 јуни 2019

13-годишната Марија и претходно настапувала на детски фестивали. Меѓу нив е и детскиот Славјански базар во Белорусија, каде што, исто така, освои награда.

Текстот Марија Спасовска меѓу најдобрите на фестивал во Бугарија е превземен од Reporter.mk.