Неколку дена откако таткото на водителката Маријана Мичиќ беше повреден во експлозија на бомба во автомобил, таа пие лекови и не може да се смири, откриле нејзини пријатели за српските медуми. „Ќе се убиев ако на мојот татко нешто му се случеше“, ѝ рекла Маријана на своја блиска пријателка, пишува порталот „Ало“.
Водителката на ТВ „Пинк“ и актерка сè уште не може да се соземе од шокот по експлозијата на автомобилот на нејзиниот татко Небојша (63). Тој беше полесно повреден пред три дена кога експлодирала бомба што била поставена под неговиот автомобил. Силната детонација го исфрлила од автомобилот, поради што преживеал. Откако лекарите му ги санирале повредите, тој е пуштен на домашно лекување.
„Маријана е и понатаму во шок и не може да верува дека некој поставил бомба под семејниот автомобил. Постојано е на лекови за смирување. Вели дека нема претстава зошто некој со бомба би го нападнал нејзиното семејство“, рекла нејзината пријателка.
Текстот Маријана Мичиќ прозборе за подметнатата експлозија е превземен од Reporter.mk.