Текстописецот Марина Туцаковиќ, на која лани на Институтот за онкологија и радиологија во Белград беше оперирана од тумор на дојката, за српските медиуми изјави дека знаела дека е болна долго време, но дека намерно не одела на лекар.
„Се чувствував многу лошо, многу се нервирав… Ја имав таа раничка што ја игнорирав, знаев дека сум болна. Навистина знаев. Свесно не отидов на лекар. Имав и приватни проблеми и тогаш тоа го запоставив, се ставив себеси на последно место“, рекла 65-годишната Туцаковиќ.
Откако била оперирана, Марина Туцаковиќ беше на лекување во Германија, по што вели, се чувствува подобро и повторно пишува песни.
„Закрепнувам, фала богу, подобро ми е. Сè уште имам проблеми и редовно одам на контроли. Сè уште постои сè друго. Лекарите засега се задоволни, но не кажуваат ништо“, додала таа.
Текстот Марина Туцаковиќ: Знаев дека сум болна, не сакав да одам на лекар е превземен од Reporter.mk.