Македонскиот пејач Марио Арангеловски ќе пее во вториот круг на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Тој на социјалните мрежи објави слика со Јелена Карлеуша и се пофали дека ја избрал за свој ментор. 23-годишниот пејач е еден од педесетмината Македонци што годинава ќе се натпреваруваат во популарното музичко шоу.
За потсетување, пејачот од Куманово, ѝ стана познат на јавноста по учеството во неколку домашни и странски музички шоуа, меѓу кои и настапите во српскиот и бугарскиот „Икс фактор“. Марио е и познат јутјубер, кој има свој канал на кој постојано објавува интересни видеа.
Текстот Марио Арангеловски помина во вториот круг од „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.