Марјан Србиновски тешко повреден во сообраќајна несреќа

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација и актуелен тренер на Гостивар, Марјан Србиноски доживеал тешка сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар – Тетово. Тој со своето возило излетал од патот и удрил во бандера.

Србиновски веднаш бил пренсен во болница во Тетово, каде му биле утврдени тешки телесни повреди.

Од МВР ја потврдија веста и соопштија дека несреќата се случила пред два дена во утринските часови на автопатот Гостивар – Тетово кај клучката Жеровјане. Марјан возел со возило „Фолксваген Пасат“, со гостиварски таблици.

Поранешниот кошаркар излетал од патот и удрил во бандера за улично осетлување, се вели во соопштението на МВР. Увид на местото на настанот веднаш извршила екипа од СВР Тетово.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајна незгода доживеа и тренерот Александар Јончевски.  Јончевски го удрил товарно моторно возило додека се возел на мотор со сопругата.  Неговата сопруга е на операција, но лекарите велат дека надвор од животна опасност.

 

Текстот Марјан Србиновски тешко повреден во сообраќајна несреќа е превземен од Reporter.mk.