Манекенката и лото-девојка Марјана Станојковска се расплака среде интервју кога зборуваше за нејзиниот поранешен дечко, починатиот пејач Влатко Илиевски. Таа во интервјуто рече дека иако поминале неколку месеци од неговата смрт, таа се уште не може да поверува дека Влатко го нема. Манекенката беше гостинка во првата емисија на „Бекстејџ“ која беше посветена на починатиот пејач. Влатко и Марјана пред многу години беа први водители на овој естраден магазин.
„Многу ми е тешко. Кога прочитав за неговата смрт не можев да поверувам. Се слушнавме само неколку дена пред да почине“, рече Марјана во емисијата и се потсети на најубавите моменти поминати со Влатче.
Освен Марјана, во емисијата гостуваше и актерката Ана Стојановска која Влатко ја нарекуваше негова прва љубов, а беа прикажани и снимки од домот на пејачот.
Текстот Марјана плачеше за Влатко е превземен од Reporter.mk.