Еден од основачите на „Фејсбук“, милијардерот Марк Цукерберг, има таен канал од неговата канцеларија до излезот од зградата во која работи, тврдат неговите вработени. Тој стравува за својата безбедност откако изминатиов период беше цел на вербални напади и закани.
Капакот на тунелот е во непосредна близина на работната масата на Цукерберг и наводно води директно кон еден од паркинзите во седиштето на „Фејсбук“ во Калифорнија, каде милијардерот може да избега во случај на опасност. И конференциската сала на Марк има оклопно стакло.
Според податоците на „Бизнис инсајдер“, во 2017 година Цукерберг издвоил 7.3 милиони долари за својата и за безбедноста на своето семејство.
Текстот Марк Цукерберг има таен тунел до неговата канцеларија е превземен од Reporter.mk.