И честитам на Русија на добрата игра на Светското првенство. Хрватска, одлична победа, напишал холивудскиот актер Марк Вахлберг (47). Актерот со неговата мајка го проследил четвртфиналето во кое „коцкастите“ победија и се пласираа во полуфиналето, а објави и снимка од пеналот на Иван Ракитиќ (30). Ја избрал Хрватска како победник и додал предупредување до фудбалерите.
„Чувај се Хрватска. Сега те чека Хари Кејн“, изјавил Марк. Ги предупредил хрватските фудбалери на напаѓачите на англиската репрезентација со која ќе играат денеска во полуфиналето. Кејн на Светското првенство во Русија постигнал шест погодоци и досега е најдобриот стрелец.
Марк е фан на Кејн од 2016 година, кога го посетил стадионот „Вајт Хајт Лејн“ во Лондон, стадион кој е во рамките на Тотенхем каде и напаѓачот на „Гордиот албион“ игра. Актерот се радува на 25 јули кога Кејн ќе игра против фудбалерите на Барселона во Лос Анџелес.
„Даде победнички пенал против Колумбија. Тоа беше лудо. Кејн постигна одличен гол“, изјавил Марк во видеото.
Марк ги повика граѓаните во што поголем број да дојдат на мечот меѓу Барселона и Тотенхем.