Српскиот актер Марко Николиќ, кој почина во средата, ќе биде погребан на 5 јануари на Новите гробишта во Белград, соопштија од Народниот театар во Белград.
Опелото ќе почне во 14 часот, а погребот во 14:30 часот. Датумот и времето на комеморацијата дополнително ќе бидат објавени. Информацијата за смртта на угледниот актер вчера на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка.
Марко Николиќ починал на 71 годишна возраст. Имал снимено повеќе од 80 филмови, серии и претстави. Роден е во Краљево на 20 октомври 1946 година, а дипломирал на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград.
Николиќ бил член и на Народниот театар од 1970 година. Играл во театар, филм и на телевизија. Телевизиската слава ја стекнал во главната улога во ТВ серијата „Подобар живот“ која се снимала во 1987 и 1990 година.
Кога е во прашање приватниот живот, Николиќ имал три брака во кој добил три деца. Ќерките Сенка и Мина и синот Никола. Николиќ се борел со тешка болест која му била дијагностицирана во 2015 година.
Во своите интервјуа често истакнувал дека во оваа борба многу му има помогнато неговото куче. Сите кој го познаваат велат дека ќе го паметат Николиќ како одличен актер и многу скромен човек.
Текстот Марко Николиќ Гига ќе биде погребан утре на Новите гробишта во Белград е превземен од Reporter.mk.