Водителите Mарко Новески и Вики Ристовска заедно со пејачот Панчо ДНК се вклучија во акцијата за донирање за СОС Детското село.
СОС Детско село Македонија посветено работи и гради семејства за децата без родителска грижа и социјален ризик, им помага во оформување на нивната иднина и учествува во развојот на заедниците со цел да им бидат секојдневна поддршка на оние кои имаат најголема потреба. Сите напори за овозможување на подобро утре за децата од најранливите категории ќе бидат невозможни без вклучување на заедницата во нивниот развој и напредок.
Во општина Аеродром постои цврст темел за помош на лицата кои се во социјален ризик. Тоа е докажано преку безброј настани, акции за собирање на помош и средства и движења за застапување на правата на овие лица. Капитол мол во соработка со СОС Детско село Македонија цели кон развивање на хуманоста како една од основните човекови вредности уште од најмали нозе. И како што и англискиот збор FUNdraising го содржи зборот FUN (забава), ќе се цели на еден креативен и забавен начин преку, интересна касичка, донирањето да биде забавно и да да се доближи до сите возрасти.
Текстот Mарко Новески, Mарко Новески и Панчо ДНК донираа за СОС Детско село е превземен од Reporter.mk.