Марлон Брандо вистински ја силувал Марија Шнајдер на снимањето на „Последното танго во Париз“

Сцената на силување во филмот „Последото танго во Париз“, во кое Марлон Брандо ја силува тогаш 19-годишната Марија Шнајдер била вистинска, открил италијанскиот режисер Бернардо Бертолучи пред пет години. Бертолучи, кој почина вчера, во дамнешно интервју рекол дека не сакал Марија да глуми понижување, туку навистина да го почувствува тоа што ѝ се случува.

„Сакав да го чувствува тој бес и понижување. Да плаче, да моли. Марлон знаеше што мора да направи. Никогаш по снимањето на филмот не се видовме, ме мразеше целиот свој живот“, открил режисерот во интервјуто.

Тој во истото интервју објаснил дека со Марлон појадувале на подот во станот во кој снимале и дека одлучиле силувањето да биде вистинско.

„На некој начин бев грозен кон Марија, затоа што не ѝ кажав дека тоа ќе се случи. Но не зажалив за одлуката, зашто нејзината реакција не може да се одглуми“, додал Бертолучи.

Марија пред десет години првпат раскажала дека Брандо ја силувал, но никој не ѝ верувал додека режисерот не признал дека нејзините тврдења се вистина.

„Марлон ми рече: ‘Не грижи се, тоа е само филм’. Солзите во текот на сцената ми беа вистински, болката беше моја“, рекла таа и додала дека по снимањето никој не ја тешел и не ѝ се извинил, но дека таа била среќна што сцената не  ја преснимиле.

 

Текстот Марлон Брандо вистински ја силувал Марија Шнајдер на снимањето на „Последното танго во Париз“ е превземен од Reporter.mk.