Мартија од „Пинкови ѕвездички“ има нова песна

Тинејџерката Мартија Станојковиќ има нова песна. Поп-баладата „Те сакам“ е комплетно авторско дело на Александар Масевски. Тој ги направи музиката, текстот, аранжманот и продукцијата, а акустична гитара ја свири Иле Спасев. Спотот за песната го режираше Огнен Шапковски.

Ова не е прва соработка на Мартија и Масевски. Композиторот беше автор и на песната Love Will Lead Our Way, што Мартија ја пееше на јуниорскиот „Евросонг“ пред две години, кога ја претставуваше Македонија.

Сепак, 14-годишната девојка е најпозната по учеството на регионалниот музички фестивал „Пинкови ѕвездички“, каде го освои второто место.