Мартинијан Кириловски е победник на „Макфест“

Младиот поп-пејач Мартинијан Кириловски победи на  Макфест со песната „ Сто пати на ден “ , вечерва  во Штип.  Втори се Александар Митевски и Драган Спасов Дац за песната „Уште ми фалиш“, додека третото место се групата Фрајле, од  Србија за „ Не и признавај“.

Најдобра вокална интерпретација  доби Росана Сариќ Тодоровска, со песната „Спомени“.  Наградата за најдобар аранжман ја доби пејачката Лара со композицијата „Твоите очи лажат“. Најдобар сценски настап е за „Возбуда и љубов“ во интерпретација на Мартија Станојковиќ. Наградата за најдобар дебитант ја доби  Славица Ангелова со композицијата „Љубовта не боли“. За првото место на „Макфест“ наградата е 5.000 евра, за второто место е  награда од  3.000 евра,   додека тимот за третото место доби 1.000 евра. Вечерва се одржа 34-тото  издани на фестивалот, во Домот на културата „Ацо Шопов“.

Текстот Мартинијан Кириловски е победник на „Макфест“ е превземен од Reporter.mk.