Мартинијан Кириловиски, имаше одличен насстап на почетокот во новата сезона во „Ѕвездите на Гранд“. Кумановецот во последната емисија настапи со „Грлица“ од Жељко Самарџиќ и „Параноја“ од Тропико Бенд“.
За одличниот настап беше награден од жирито. По три гласа доби од Ана Бекута, Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша. Ана и Марија ги повлекоа своите гласови и не сакаа да бидат негов ментор, додека пак Карлеуша го задржа својот глас „да“.
„Многу си сладок и имаш убава насмевка. Ако сакаш да станеш ѕвезда мора да направиш се за да те сакаат жените. Тоа што пелтачиш мене на некој начин ми е секси. Јас ќе те научам како да бидеш голема ѕвезда“, изјави Карлеуша по настапот на Кириловиски.
Другиот член во жирито Драган Стојковиќ Босанац посочи дека повеќе мила му е народната музика и дека во својата група повеќе би сакал да има народни отколку поп пејачи.
„Браво момче, само напред“, напиша Жељко Самарџиќ на видеото кој Кириловски го објави на Инстаграм.
Текстот Мартинијан Кириловски ги собра симпатиите на жирито во „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.