Српската ѕвезда Јелена Карлеуша, еден од членовите на жирито во „Ѕвездите на Гранд“ откри дека Македонецот Мартинијан Кириловски е нејзин фаворит за победа. Таа на „Инстаграм“ објави неколку пораки со кои побара публиката да ги поддржи сите нејзини кандидати, но најмногу пофалби имаше за Кириловски.
„Мартинијан неколкупати во ова натпреварување пееше така што во истиот момент ја заслужи победата. Македонија го имаше Тоше, ама верувам дека добија уште едно музичко чудо“, пишува, меѓу другото, таа.
Таа побара поддршка и за Филип Пецовски за кого рече дека е роден за сцена.
„Овој убав Македонец со својот шарм и харизма веќе освои милион срца“, напиша пејачката.
Финалето на „Ѕвездите на Гранд“ ќе се одржи вечерва и ова ќе биде прва емисија во сезоната што ќе се пренесува во живо. Освен Мартинијан и Филип, кои се кандидати на Карлеуша, во финалето вечерва ќе пеат уште двајца Македонци – Дарко Коцевски, чиј ментор е Ѓорѓе Давид, и Огнен Здравковски, кој е во тимот на Марија Шерифовиќ.
Македонија веќе имаше еден победник во шоуто, Ристе Ристески во 2017 година.
Текстот „Мартинијан ми е фаворит за победа во ‘Гранд’“, откри Карлеуша е превземен од Reporter.mk.