Хрватскиот музичар Масимо Савиќ еднаш објасни дека дрогата не била негов избор, туку експериментирал со неа бидејќи таа била во мода. Сепак, тој знаел дека порано или подоцна ќе престане да ја користи доколку сака да го оствари својот сон – да стане семеен човек, силен столб, татко, и тоа конзервативен.
„Лесно ми беше да престанам бидејќи сфатив дека ми е приоритет да имам семејство, да бидам татко, и тоа конзервативен татко. Некој што може да ја испрати својата ќерка на факултет“, вели Савиќ во интервјуто за „Глорија.хр“.
Неговата ќерка Мирна, денес е новинар љубопитен новинар, успешна млада дама која сонува големи соништа.
„Ме ужасува помислата да станам ладна и недостижна позната личност која нема време да се забавува на своја сметка и да одвои една минута за да разубави нечиј ден“, изјави во една пригода Мирна, чиј инстаграм-профил привлече огромно внимание во јавноста.
Таа исто така се појави во спотот на Масимо за песната „Нека ти плове бродови“.
Текстот Масимо: „Ја оставив дрогата заради ќерка ми“ е превземен од Reporter.mk.