Хрватскиот пејач Масимо Савиќ денеска се прости од својот гитарист и долгогодишен пријател Далибор Матошевиќ. Гитаристот соработуваше со голем број естрадни пејачи, а матичниот бенд му беше со Масим Савиќ.
„Од утрово барам зборови, но никогаш нема да ги најдам. Ти благодарам за се што беше. На сцената и зад неа. Секогаш ќе бидеш со мене драги Пипо“, напишал Масимо на „Фејсбук“.
Матошевиќ роден во Пула на 27 јануари 1973 година, од својата петнаесета година почнал да свири гитара. Формирал рок бенд во кој и свири и пее. Три години подоцна го формираат новиот авторски бенд заедно со Ален Матошевиќ, со кого снимил демо снимка, а нивниот бенд настапип потоа на „Арт Мјузик фестивал“ во Пула.
Набрзо потоа го открива афинитетот кон џез музиката, па заминува кај Елвис Станиќ на едукација. Потоа неговиот музички стил тргнува во друг правец. Покрај Масим, Матошевиќ соработувал и со Нина Бадриќ, Џибони и други.
Текстот Масимо Савиќ се прости од својот гитарист и пријател Далибор Матошевиќ е превземен од Reporter.mk.