Матеја Кежман се ожени по втор пат

Матеја Кежман вчера повторно се ожени. Славниот фудбалер имаше црквено венчавање со сопругата Тара Шумоњ во Белград, а потоа и приреди скромна прослава за кумовите, роднините и најблиските пријатели.

Младенците на крајот на август, четиригодишната врска ја крунисаа со брак пред матичар. Сега поранешниот фудбалер изразил желба светиот чин да го направат и пред бога. Кежман е голем верник.

Тоа е нешто што го докажал и преку бројните тетоважи на неговото тело од светците, како и автобиографијата „Само господ може да ми суди“, како и многу хуманитарни акции, тој посакал бракот да го склопи и во црква.

На венчавката присуствуваа кумови, децата на Кежман, родители и неколку пријатели. Тој сето тоа го направи во строга тајност, за да се сокрие од медиумите. Вчерашниот ден го одбележа без да крева многу галама околу целата работа, нешто што му одговарало ѝ на него ѝ на Тара.

„Иако Кежман имал финансиски можнсти за гала забава, тој тоа не го посакувал“, открива извор близок до Кежман.

Поранешниот фудбалер неодамна ја посетил и Соборната црква во Белград, каде во 2001 година се венчал со првата сопруга и мајка на неговите три деца Емилија Ќириќ Ќежман, за да се распраша околу црквениот развод.

„Матеја Кежман ги почитува црквените обичаи и сакал по секоја цена да расчисти со минатото. Поразговарал со свештеникот и направил се што е потребно за тоа“, вели изворот.

 

Текстот Матеја Кежман се ожени по втор пат е превземен од Reporter.mk.