„Ме силуваа и дрогираа со денови“ – Дафи раскажа за кошмарот низ кој поминувала

Велшката пејачка Дафи, која пред повеќе од десет години се прослави со песната Mercy, откри дека пред неколку години била заробена и дека неколку дена ја држеле во темна просторија, ја силувале и дрогирале. Таа за кошмарот што го преживеала раскажа преку „Инстаграм“ и напиша дека тоа се случило во времето кога беше популарна во целиот свет. Затоа, вели таа, решила да се повлече од музичката сцена и да проба да го надмине сето тоа што го преживеала.

„Многу од вас се прашуваат што ми се случи, каде исчезнав и зошто. Новинар ме пронајде и лани летото му раскажав сè. Тој беше љубезен и беше неверојатно што конечно проговорив за тоа. Вистината е дека бев силувана и дрогирана и држена заробена неколку дена. Се разбира преживеав. За закрепнувањето требаше време. Ве молам верувајте ми дека сега сум океј и безбедна“, напиша 35-годишната пејачка.

View this post on Instagram

You can only imagine the amount of times I thought about writing this. The way I would write it, how I would feel thereafter. Well, not entirely sure why now is the right time, and what it is that feels exciting and liberating for me to talk. I cannot explain it. Many of you wonder what happened to me, where did I disappear to and why. A journalist contacted me, he found a way to reach me and I told him everything this past summer. He was kind and it felt so amazing to finally speak. The truth is, and please trust me I am ok and safe now, I was raped and drugged and held captive over some days. Of course I survived. The recovery took time. There’s no light way to say it. But I can tell you in the last decade, the thousands and thousands of days I committed to wanting to feel the sunshine in my heart again, the sun does now shine. You wonder why I did not choose to use my voice to express my pain? I did not want to show the world the sadness in my eyes. I asked myself, how can I sing from the heart if it is broken? And slowly it unbroke. In the following weeks I will be posting a spoken interview. If you have any questions I would like to answer them, in the spoken interview, if I can. I have a sacred love and sincere appreciation for your kindness over the years. You have been friends. I want to thank you for that x Duffy Please respect this is a gentle move for me to make, for myself, and I do not want any intrusion to my family. Please support me to make this a positive experience.

A post shared by @ duffy on

„Нема лесен начин да го кажам ова. Но, можам да ви кажам дека во изминатата деценија, илјадници и илјадници денови посветив на желбата повторно да го почувствувам сонцето во моето срце. Сонцето сега свети. Се прашувате зошто избрав да не го користам мојот глас за да ја изразам мојата болка? Не сакав да му ја покажам на светот тагата во моите очи. Се прашував, како би можела да пеам од срце кога тоа е скршено? И полека тоа се опорави“, напиша Дафи и додаде дека наскоро ќе биде објавено и интервју во кое ќе проговори пред јавноста за ужасниот инцидент, но и дека ќе најде време да одговори на прашањата и на нејзините фанови.

Популарната пејачка има издадено два албума, а глумеше и во неколку британски серии и филмови.

Текстот „Ме силуваа и дрогираа со денови“ – Дафи раскажа за кошмарот низ кој поминувала е превземен од Reporter.mk.