34-годишната Кетрин Мајорга тврди дека Кристијано Роналдо ја силувал на 12 јуни 2009 година во неговиот апартман во Лас Вегас, пишува германски „Дер Шпигел“. Таа девет години молчела за настанот оти напаѓачот на Јувентус ѝ платил 375 илјади долари преку вонсудска спогодба до која дошла откако таа повикала полиција и откако е утврдено дека е силувана.
Иако тогаш ја прифатила понудата на Роналдо да молчи, одлучила да проговори, бидејќи вели дека има тешки психички последици од силувањето. Нејзините адвокати сакаат спогодбата да ја прогласат за неважечка. Мајорга тврди дека Роналдо го запознала во ВИП делот на еден ноќен клуб во Лас Вегас. Тој ѝ пришол и ѝ понудил да ѝ го плати пијалакот.
„Кога ме замоли да му го допрам пенисот се смеев бидејќи мислев дека е шега. Тој е толку познат и згоден, а всушност е лудак. Скокна на мене, неколку пати му реков не, но тој ме силуваше без кондом“, вели Мајорга, која по настанот се јавила во полиција, а подоцна наводно на испитување бил повикан и Роналдо.
„Ова е лага. Таа сака да се прослави на сметка на моето име. Ситуацијата е таква – тоа е дел од мојата работа“, рекол Роналдо по обвинувањата на Американката.
Тој ќе ја тужи Мајорга поради штетата што ја наела на неговиот углед со обвинувањата за силување.
Текстот Ме силуваше Кристијано Роналдо, тврди Американка е превземен од Reporter.mk.