Медицинската документација за модринките на Беквалац е невалидна

Српскиот бизнисмен Лука Лазукиќ би можел да биде ослободен од обвиненијата за семејно насилство против неговата сеуште законска сопруга Наташа Беквалац, само затоа што е оспорена документацијата направена во Ургентниот центар откако докторите ги прегледувале модринките на пејачката.

Ваквата документација не била потпишана од специјалисти како што налага процедурата, туку истата ја пополниле специјализанти. Во првиот основен суд во Белград, денеска продолжило судењето, а процесот морал да биде прекинат по сослушувањето на еден ИТ експертот.

Медиумите пренесуваат дека настанатите зовриени страсти внатре во судницата биле причина за прекин на процесот. Судскиот вештак на Обвинителството Милош Јанчиќ, вели дека на рочиштето присуствувал само Лука Лазукиќ, додка Наташа не била обврзана да присуствува.

„Претресот мораше да биде прекинат поради зовриените страсти внатре во судницата. Јас бев сослушан од страна на стручен советник, кој го ангажираше одбраната, во обид да го оспори основниот налог во кој биле објективизирани повредите кои ги претрпела Наташа Беквалац. Се оспорува документацијата на која не се потпишале докторите од Ургентниот центар. Се тврди дека извештаите не се целосно валидни и дека специјализанти го потпишале извештајот, а не специјалисти. Малтене се обидуваат да докажат дека извештајот е кривотворен, што не е точно, затоа што се е направено како што треба“, тврди Јанчиќ и додал дека судот барал уште докази.

„Извештајот недвосмислено говори дека имало настанато повреди. Постојат обиди тоа да се оспори, на начин на кој се тврди дека лекарите во целост не го направиле извештајот валиден. Од моја страна, тој дел е одбранет. Сега се инсистира на фотодокументација, која е направна во приватна режија и која не можела да биде земена во предвид, а фотографиите не се обработени во МУП. Одбраната во недостиг на други докази нема фотографии, а на судот е тоа дали ќе го прифати или не. Мојот налог потврдува дека Наташа ги добила повредите со рака и рака стисната како тупаница. Судијата мораше да направи пауза, затоа што бевме внатре долго време и страстите зоврија“, вели вештакот.

 

За време на паузите медиумите пренесуваат дека Лука ја напуштил судницата и постојано бил нервозен и се жалел на неговите адвокати.

Текстот Медицинската документација за модринките на Беквалац е невалидна е превземен од Reporter.mk.