Меган бесна на Бијонсе

Војвотката од Сасекс Меган Маркл и замерила на пејачката Бијонсе поради нејзиното доцнење од 90 минути на премиерата во Лондон на новиот анимиран филм „Кралот Лав“, пишуваат британските медиуми.

„Мирир“ пишува дека Меган била и љубоморна на Бијонсе која ја засенила со својот златен фустан. Меган и нејзиниот сопруг принцот Хари, минатата недела се запознаа со светскиот рапер Џеј Зи и неговата партнерка Бијонсе. Музичката двојка задоцнила на премиерата 90 минути поради проблемите со фустанот.

Бијонсе не сакала да се откаже од фустанот кој бил креација на Nguyen Cong Tri, па ја повикала кројачот во хотелот. Извори блиски до кралската двојка велат дека иако Меган и Хари и го простиле доцнењето на премиерата, нивните советници не биле премногу воодушевени поради прекршување на протоколот.

Сепак во јавноста се зборува дека војвотката не и простила на пејачката која се појавила разголена и успеала благодарение на својот златен фустан, да го украде вниманието на гостите.

 

 

 

Текстот Меган бесна на Бијонсе е превземен од Reporter.mk.