Официјално таа е војвотката од Сасекс, а неофицијално е Меган Маркл, но вработените во Кенсингтонската палата за неа имаат прекар кој досега бил сокриен од јавноста.
Како што пренесуваат британските медиуми, вработените во палатата смислиле прекар и според нив, сопругата на принцот Хари е многу слична на неговата покојна мајка, принцезата Дајана, па ја нарекле Ди 2.
Начинот на кој Меган се однесува кон нив и колку е едноставна и опуштена, ги потсетило на деновите кога во палатата живеела принцезата Дајана.
„Слушнав дека помеѓу себе ја нарекуваат Ди 2, бидејќи нејзиното однесување многу ги потсетувало на Дајана. Мислам дека тоа е вистина и дека многу се слични“, рекол извор близок на кралското семејство.
Кралскиот фотограф, Март Стеварт исто така забележал сличности.
„Меган е многу самоуверена пред камерите, а истото го видовме и кај принцезата Дајана. Тука е и љубовта кон модата и посебниот моден вкус. Дајана сакаше „Versace“, а Меган „Givenchy“. Сакаат класици, елеганција и сигурни бои“, рекол Март.
Текстот Меган доби прекар од вработените во кралската палата е превземен од Reporter.mk.