Меган Маркл доби работа од „Дизни“ и таа ќе го позајми гласот во документарниот филм „Слон“, кој од 3 април ќе се прикажува на каналот „Дизни+“. Светското познато студио ја објави веста на својот службен твитер-профил.
Претходно голема прашина се подигна, особено откако во јавноста излезе видеото на кое се гледа како Хари го моли шефот на „Дизни“, Боб Игер, да ѝ најде работа на Меган.
Пред неколку месеци Меган се согласи дека ќе го позајми гласот за „Дизни“, а продукциската куќа за возврат најави дека ќе донира средства во добротворна установа за заштита на слоновите. Британските медиуми почнаа да шпекулираат дека работата пропаднала, а Меган ја повикаа творците на „Симпсонови“.
Сега „Дизни“ повторно се огласи. Некои се воодушевени од ваквата соработка и коментираат по социјалните мрежи дека со задоволство ќе го гледаат документарецот со нивните деца. Сепак има и такви фанови кои не ја сакаат Меган и кои коментираа да се затворат ушите кога таа ќе почне да зборува.
Disneynature’s Elephant, an Original Movie narrated by Meghan, The Duchess of Sussex, starts streaming April 3, only on #DisneyPlus. pic.twitter.com/ArpgkbrjRj
— Disney+ (@disneyplus) March 26, 2020
„Фала, но не сакал да учествувам во ова и да го гледам овој филм“, биле некои од лошите коментари.
Пред да се омажи за Хари, Меган се занимаваше со глума, а беше препознатлива по улогата во популарната серија „Суитс“. Со бракот со Хари и приклучувањето на кралското семејство, таа се откажа од својата глумачка кариера, на која сега повторно ѝ се врати.
Текстот Меган доби работа, „Дизни“ ја ангажираше за документарец е превземен од Reporter.mk.