Кралската двојка принцот Хари и Меган Маркл божиќните празници ќе ги поминат во Канада, заедно со нивниот седуммесечен син Арчи, пишува „Скај њуз“. Сопружниците во Канада ќе бидат повеќе од шест недели.
Меган во Канада живеела седум години, а често патувала таму и откако стана член на кралското семејство.
„Војводата од Сасекс беше чест посетител на Канада, а војвотката живееше во Торнто пред да се омажи за принцот Хари. Поради помладиот принц, таа се прости од улогата во серијата „Суитс“, која ја направи ѕвезда“, изјавил извор близок до кралското семејство за британските медиуми.
Кралицата го поздравила ваквиот план на Хари и Меган и смета дека им е потребен одмор. Таа им дозволи да не мораат да бидат заедно со кралското семејство за време на Божиќ. За посетата на Меган и Хари на Канада се огласи и премиерот на оваа земја Џастин Трудо на својот „Твитер“ профил.
Тој им посака пријатен престој во Канада и дека секогаш ќе бидат добредојдени и опкружени со пријатели.
Текстот Меган и Хари Божиќ ќе го минат во Канада е превземен од Reporter.mk.