Меган и Хари го отпуштија целиот персонал

Меган Маркл и нејзиниот сопруг Хари го отпиштија целиот перснал во палатата каде живееле. Само двајца вработени, управителот на куќата и една домашна помошничка се преместени внатре во кралското семејство, додека сите останати, меѓу кои и готвачите, домашните помшнички биле известени дека повеќе нема да работат.

Откако Хари и Меган објавија дека се повлекуваат од кралските должности, двајцата заминаа за Канада. Британските медиуми шпекулираат дека тие немаат намера да се вратат од таму во Велика Британија. Ваквите тврдења дополнително ги соопштил извор близок до кралското семејство.

„Иако на имотот сите имаа работа и немаше вишок на луѓе, поради одлуката двојката да живее добар дел од годината во Канада, вработените едноставно не се потребни, односно мораат да си заминат. Британските медиуми тврдат дека ова е само знак за тоа дека Меган нема намера да се врати во Велика Британија.

Засега ваквите информации не се службено потврдени, но на вработените наводно им било кажано дека можат да си бараат нови работи. На некои од нив веќе им се понудени работи во Бакингемската палата.

„Сето ова за нив дојде како шок, затоа што за секој од нив беше чест да работат во резиденцијата Фрогмор Котаџ“, открил изворот близок до кралското семејство.

Текстот Меган и Хари го отпуштија целиот персонал е превземен од Reporter.mk.