Принцот Хари и Меган Маркл се исплашени терористи ќе им го киднапираат синот Арчи пишува британски „Сан“ Двајцата велат дека се исплашени за своите животи, откако неколку пати забележале дронови како летаат над нивната вила во Лос Анџелес.
Двојката не знае за што точно се работи. Велат дека најверојатно се папараците кои се обиуваат да ги снимат, но стравуваат и од терористи.
Тие сметаат дека терористички групи би можеле да го киднапираат нивниот син и затоа најмиле приватна компанија, која треба да се грижи за нивната безбедност.
Странските медиуми пренесуваат дека дроновите ги снимале од блиску, речиси на шест метри од нив. Меган и Хари досега, во неколку наврати повикале полиција, а безбедносниот тим велат ќе го платат со сопствени пари.
„Не сакаат посебен третман, ниту го добија“, вели нивен близок пријател за светските медиуми.
Пријателот тврди дека двојакта постојано забележувала дронови над нивната вила.
„Претпоставуваа дека со нив управува фотограф, но не можат да бидат сигурни. Меган прими голем број смтни закани кога се венчаше со Хари и затоа се плаши од терористи. Луѓето забораваат дека тоа се обични луѓе, дека станува збор за обично семејство. Не сакаат посебен третман, само сакаат да се чувствуваат сигурно и нивниот дом да се почитува“, пишуваат светските медиуми.
Портпаролот на полицијата потврди дека на 20 март, непознати осомничени лица, управувале со дрон, а последен пат кога дрон летал над Хари и Меган, било времето кога си играле со Арчи во базенот.
Фотографи ги следат со автомобили, секојпат кога ќе излезат од својата вила во Лос Анџелес.
„Луѓето ги следат секој ден. Не сакаат да попуштат пред таа агресивност и заштитата на нивното семејство им е најважна“, вели извор близок до Хари и Меган, за светските медиуми.
Текстот Меган и Хари исплашени дека терористи ќе им го киднапираат синот Арчи е превземен од Reporter.mk.