Меган Маркл и Хари имаат проблеми со финансиите и како што пренесуваат американските таблоиди тие наскоро би можеле да банкротираат. Откако се откажаа од кралското семејство и се преселија во Лос Анџелес претходно оваа година, тие се надеваа дека ќе се осамостојат и самите ќе почнат да заработуваат.
Но, како почна да се шири пандемијата со коронавирусот, двојката почнаla да троши пари многу брзо, особено на нивното обезбедување, пренесува Gossipcop, повикувајќи се на извори на сторија за финансиската состојба на Меган и Хари која ја објавил Life & Style.
„Трошат многу пари. Наскоро би можеле да банкротираат. Тие сеуште немаат нивно место. Преспиваат кај пријател во близина на Малибу за да скратат на трошоци. Речиси станаа бездомници, а уште поголем проблем е што имаат едномесечно бебе“, открил извор близок до поранешната кралска двојка, а пренесува Gossipcop.
Обезбедувањето неделно ги чини 200.000 долари, вели изворот за American publication. Како резултат на тоа Хари морал да повлече пари од фондот за доверба 450.000 долари, од десетте милиони колку што му ги има оставено неговата мајка принцезата Дајана.
„Принцот Чарлс исто така му оставил мала сума на пари, но тоа ќе заврши за кратко време. Чарлс смета дека неговиот син треба да се снаоѓа самиот“, открива изворот.
Американските таблоиди пренесуваат дека за да застанат на нозе Меган се труди со сите сили да ѝ се врати на глумата. Во тоа и помага сопругот. Хари уште пред еден месец беше фатен како се договара со челниците на „Дизни“ да ја ангажираат Меган да го позајми гласот за некои од нивните анимирани филмови.
Извор/Курир.рс/newidea/gossipcop
Текстот Меган и Хари немаат пари за дадилка и спијат кај пријатели е превземен од Reporter.mk.