Меган и Хари се селат во вила од 20 милиони евра

Откако објавија дека се откажуваат од кралските должности и ќе се преселат во Канада, Хари и Меган разгледуваат вила во еден од најубавите квартови во Ванкувер. Станува збор за летниковец на четири ката, со шест спални соби, пет купатила и прекрасен панорамски поглед на Тихиот океан. Вилата е изолирана од погледот на јавноста.

Извор од агенцијата за недвижности вели дека Меган била воодушевена од вилата.

„Меган изрази интерес за оваа прекрасна куќа Смета дека би била совршена локација за неа, Хари и Арчи. Ова е соседство за богати луѓе и сигурна сум дека со семејството ќе биде среќна во неа“, вели изворот.

Доколку Хари и Меган се одлучат да ја купат, соседи ќе им бидат канадски милијардер и сопственик на спортскиот бренд Lululem Athletica Чип Вилсон, кој живее во вилата вредна 30 милиони евра.

Кралицата Елизабета II е бесна што Меган и Хари потрошија неколку милиони фунти на уредување на домот во Фрогмор Котеџ со оглед на тоа дека таму живееа само година дена.

Со оглед на тоа дека двојката се одрече од своите кралски должности, тоа значи дека финансиската помош повеќе нема да ја примаат од семејството. Богатството на Хари е проценето на 36 милиони евра, додека неговата сопруга од нејзината актерска кариера заработи околу пет милиони евра.

 

 

 

Текстот Меган и Хари се селат во вила од 20 милиони евра е превземен од Reporter.mk.