Меган и Хари си честитаа годишнина од брак

Поранешната кралска двојка, Меган Маркл и нејзиниот сопруг Хари, пред две години, се венчаа, а сега двајцата си подарија поклони кои се од исклучителна важност за нив, пренесуваат британските медиуми.

Двајцата си подариле подароци направени од памук. Експертите велат дека памукот претставува симбол на поврзаноста и времето, кое ги прави работите пофлексибилни и сигурно тоа е причината зошто и двајцата се одлучиле за таков подарок.

Извор близок до поранешната кралска двојка, вели дека Меган и Хари својата годишнина од брак ја прославиле мирно, во својот дом, заедно со нивниот син Арчи, пишува „Стил“.

 

Текстот Меган и Хари си честитаа годишнина од брак е превземен од Reporter.mk.