Меган и Кејт се испокарале пред венчавката со Хари

Меган Маркл и Кејт Мидлтон се испокарале пред да почне венчавката со нејзиниот сопруг Хари во 2018 година, пишува „Дејли Мејл“. Кавгата настанала околу тоа дали треба да носат хулахопки, открива нејзин близок пријател.

Меган била опседната околу секој детал на нејзината свадба, па почнала да се расправа со Кејт околу тоа дали треба да се носат хулахопки.

„Тоа беше топол ден и двете наводно се расправаа околу тоа дали деверушите треба да носат хулахопки или не. Кејт, која отсекогаш се држела за протоколите, сметала дека треба. Меган не сакала да ги носи“, вели извор за магазинот „Татлер“.

Деверушите мѓу кои била и ќерката на војвотката од Кембриџ, принцезата Шарлот, не носеле тој ден хулахопки, па изгледа дека Меган го добила тоа што го барала.

„Во палатата често ќе слушнете дека персоналот се жали на кралското семејство, поради лошото однесување, но, никогаш нема да се пожалат на Кејт. Таа има неверојатни манири и внимава на својот персонал. Тоа не важеше за Меган. Таа никогаш не внимава. Тоа ви кажува сè за неа“, открива изворот.

 

Текстот Меган и Кејт се испокарале пред венчавката со Хари е превземен од Reporter.mk.