Американскиот продуцент и сценариост Ал Џин ја поканил Меган Маркл да се приклучи во култната анимирана серија Симпсонови за да го позајми својот глас на некој од ликовите.
Претходно прашина се крена кога Хари побара од шефот на „Дизни“ Боб Игер, работа за негова сопруга. Пред неколку месеци Меган Маркл се согласи да го позјами гласот за „Дизни“, а од продукциската куќа за возврат побара да донираат средства во добротворната устанува за заштита на слонови. Задачата на крајот не се реализира.
Во време кога Хари побара од Игер работа за Меган, тој беше член на кралското семејство. Со таквиот разговор дополнително ги наруши односите со кралицата и поширокото кралско семејство кое сметало дека ги крши кралските протоколи. Од тогаш соработката на Меган со „Дизни“ се сведуваше само на усмени договори.
Сега, како што пренесува британски „Мирор“, Меган конечно добила и службена понуда на маса. Таа како што пренесуваат медиумите со нетрпение чека да се врати во светот на филмот и телевизијата.
„Меган јавни ни се, те чекаме“, ја поканил Џин јавно Меган преку „Радио Тајмс“.
Текстот Меган ќе го позајми гласот во „Симпсонови“ е превземен од Reporter.mk.