Меган Маркл и принцот Хари добија нов член во семејството

Војводата и војвотката од Сасекс Меган Маркл и принцот Хари добија нов член во семејството. Станува збор за црн лабрадор, кој доби име Оз.

Биографката на кралското семејство, Сали Бедел Смит минатата недела откри дека во палатата ќе стигне нов член, но дури сега откри дека станува збор за куче од расата лабрадор, пишува „Тајмс“.

„Оз ќе им прави друштво на Меган и Хари за време на нивниот престој во палатата“, изјави Сали.

За разлика од неа службите од Кенсингтон палатата одбиле да ја коментираат ваквата вест.

 

„Меган отсекогаш сакала кучиња. Срцето ѝ се скрши кога за време на преселбата од Торонто во Британија. Меган беше принудена да го остави нејзиниот миленик Богарт“, вели близок пријател на поранешната американска актерка.

„Нејзиното друго куче Гај, стигна во Англија минатата година, но Богарт беше престар за да патува со авион. Го чуваат нејзини пријатели, а таа сигурно ќе го посети кога ќе патува за Канада“, дополнува тој.

Во меѓувреме Гај живее во луксузната кралска куќа. Наводно има и свој капут Union Jack, јаде само органска храна и ужива во редовните прошетки околу Палатата Кенсингтон.

Меган, ги спасила Гај и Богар од азил во Лос Анџелес, додека сеуште била во брак со првиот сопруг, продуцентот Тревор Енгелсон.

Текстот Меган Маркл и принцот Хари добија нов член во семејството е превземен од Reporter.mk.