Меган Маркл со тоа што стана војвотка од Сасекс, откако се омажи за принцот Хари, сега мора да се придржува до одредени и прилично остри правила, пренесува Glossy.rs. Но, сепак извор близок до кралското семејство, сведочи дека таа одбива да се одрекне од некои работи кои претставуваат стандардни правила во британското семејство и дека во некои работи и пркоси на кралицата Елизабета.
Меган го променила начинот на облекување, шминкање, дури и изразување, но некои ситници сепак не планира да ги промени. А, никој не ја ни тера.
Извор близок до кралското семејство вели дека Меган е специфична, многу суптилна и дека и денес изнесува разни политички ставови, како што го правела тоа и пред да се омажи за принцот Хари.
Можеби сега нема социјални мрежи, ниту пак го ужива статусот кој го имала на ѕвезда во серијата Suits, но прославената актерка нема намера да така лесно да се придржува до правилата кои дојдоа заедно со новата животна улога.
Освен што со Хари често се држат за раце и го бакнува и прегрнува во јавноста, Меган обожава да шета со својот омилен пар свилени панталони и така да ја покажува завидната фигура. Кралицата Елизабета не гледа со одобрување на носењето на панталони кога се во прашање членовите на кралското семејство.
Меган можеби го прифати носењето на чорапи, но ракавиците и понатаму уредно ги избегнува. Меган е и на многу суптилен начин и понатаму политички мошне активна.
„Таа има свој начин на раота и претставувања во јавноста“, изјави некогашниот батлер на познатото кралско семејство, кој пред венчавката истакна дека таа ќе мора да го прилагоди движењето, говорот, исхраната и начинот на држење на шољата за чај во кралското семејство.
Освен што брзо учи, подеднакво брзо станува и учител. Исто како и Кејт Мидлтон, таа станала омилена вовојтка за исклучително кратко време, без оглед на грешките кои ги прави.
Текстот Меган Маркл и пркоси на кралицата Елизабета е превземен од Reporter.mk.