Саманта Коен педесет годишната асистентка во Бакингемската палата, која лично била ангажирана од кралицата Елизабета II, да ѝ помага на Меган Маркл e втората личност која го напушта кралското семејство.
По Мелиса Тумпати, Самнта ќе биде втората помошничка на Меган, која предвреме ќе ја напушти кралската палата. 50. годишната Австралијанка била клучната личност меѓу персоналот кој работел за Меган Маркл и принцот Хари. Во моментов таа го одработува својот отказен рок до пролет, односно додека не се породи Меган со првото дете.
Саманта Коен, сопруга на стоматолог, е родена и израсната во Австралија, а првата работа во палатата ја добила во 2001 година, благодарение на своите деловни амбиции и способности. Саманта брзо успеала да се издигне во деловните позиции во палатата, за на крајот стигне до најблискиот круг на работници на Меган Маркл.
“Meghan cannot have whatever she wants.” https://t.co/SClt7YsbqB
— E! News (@enews) December 9, 2018
Саманта по ходниците низ палатата ја нарекувале „Саманта пантерка“, а таа била и личноста од највисока кралска доверба, која со кралското семејство минала речиси 17 години.
Саманта е мајка на три деца, а по дипломата на факултетот во Квинсленд, прво работела во државна служба, а потоа во компанија за односи со јавност. Тогаш ја добила и работата во Бакингемската палата.
How Meghan Markle’s Australian aide Samantha ‘the Panther’ Cohen rose from Brisbane to Buckingham Palace https://t.co/RIkMqYaomj
— Daily Mail U.K. (@DailyMailUK) December 10, 2018
Работата ја добила така што во ткеот на посетата на Лондон, се пријавила на оглас од весник кој бил раздаван од палатата. Веќе во 2003 година станала заменичка на главниот и одговорен на пијар тимот, а на позицијата за главен и одговорен стигнала четири години подоцна. Саманта била првата жена ставена на главен и одговорен на пијар тимот во Бакингемската палата.
Дека била важна за кралското семејство, особено за кралицата, говори и тоа дека Саманта била меѓу службените официјални лица на кралското венчавање во мај, меѓу Хари и Меган. Наводно таа била задолжена да и помага на Меган во нејзиното прво појавување како нова членка на кралското семејство во палатата.
Текстот Меган Маркл избрка уште една асистентка лично ангажирана од кралицата е превземен од Reporter.mk.