Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари, наводно се уште не сакаат деца, пишуваат британските медиуми.
Во јавноста на големо се зборува за причините зошто Меган сеуште не е бремена. Многумина се сомневаат дека Меган и Хари ја одлагаат бременоста поради Invictus игрите во Сиднеј, каде треба да отпатуваат.
Освен Австралија, двојката заедно сакаат да посетат повеќе места како Фиџи, Кралството Тонго и Нов Зеланд.
Според пишувањата на Express, Меган не сака сите овие патувања да ги мине бремена. Во интервју за Би-Би-Си, кралската двојка даваше кратки одговори на прашањата кога планираат да станат родители.
„Во моментов не работиме на проширување на семејството. Се надеваме дека во иднина и тоа ќе се случи“, одговори кратко принцот Хари.
Светските таблоиди пишуваат дека откако Меган Маркл ќе забремени, нејзината мајка Дориа Рагланд со сигурност ќе се пресели во Британија за да биде поблиску до својата ќерка.
Текстот Меган Маркл ја одлага бременоста е превземен од Reporter.mk.