На 1 октомври се очекува во САД да излезе премиерата на документарецот за кралицата Елизабета. Филмот не открива премногу за годинашната кралска венчавка, но прикажана е реакцијата на Меган Маркл кога за првпат ја видела својата венчаница.
Има кадри на кои е прикажана Меган како изненадувачки смирено реагира во моментот кога го допира велот на кој било извезано цвеќе што ги претставувало 53-те земји на Комонвелтот.
Меган и нејзиниот сопруг Хари идниот месец ќе тргнат на првата голема турнеја. Ќе ги посетат Австралија, Нов Зеланд, Фиџи и Тонго. Најмногу ќе посветат време на промовирањето на Invictus Games, спортското натпреварување за воени инвалиди креирано на иницијатива на принцот Хари. Од 20 до 27 септември во Сиднеј, дури 500 ветерани од 18 различни држави ќе се натпреваруваат во повеќе од десет спортови.
Меган по венчавката досега службено го посетила само главниот град на Ирска, Даблин. Приватно летала во Торонто, каде претходно живеела. Принцот Хари не ѝ се приклучил, затоа што војвотката тоа време го искористила за да се дружи со старите пријатели.
Текстот Меган Маркл ќе се појави во документарец за кралицата Елизабета е превземен од Reporter.mk.