Меган Маркл и принцот Хари нема да одат во Индија за свадбата на актерката Пријанка Чопра и пејачот Ник Џонас, потврди Кенсингтонската палата. Поради претходно закажани обврски, војвотката од Сасекс нема да оди на свадбената церемонија на нејзината долгогодишна пријателка, иако Пријанка неколку месеци претходно присуствуваше на венчавката на Меган и Хари. Меган не беше дел ни од моминската забава на Пријанка, која се одржа на почетокот на месецов во Амстедам.
Поранешната Мис на светот и 10 години помладиот музичар ќе се венчаат овој викенд во Индија. Тие ќе направат две свадби, една според традиционалните индиски обичаи за да ја испочитуваат верата на Пријанка, а една според католичките обичаи. Двојката е во врска помалку од една година.
Текстот Меган Маркл нема да дојде на свадбата на Пријанка Чопра е превземен од Reporter.mk.