Меган Маркл нема да може да ја сокрие бременоста

Професорката и основач на порталот Beaumontetiquette, Мика Мајер, вели дека Меган Маркл нема да може долго време да ја крие бременоста и дека првото нешто што ќе ја издаде војвотката од Сасекс ќе биде нејзината кадрава коса.

Мајер вели дека сите оние кои со нетрпение ја очекуваат приновата во кралското семејство прво нешто на коешто треба да стават акцент е изгледот на косата на Меган.

„Кога очекуваме некој да забремени, обично првите знаци што ни паѓаат на ум се поголемиот стомак, избегнувањето алкохол или нешто слично“, вели Мајер.

Мајер вели дека изгледот на косата ќе ја издаде бременоста на принцезата од Сасекс само поради тоа што принцезата има афроамериканско потекло и никако не може да има совршено права коса.

На јавноста не ѝ е познато со кои продукти и на каков начин Меган ја негува косата. Мајер смета дека таа користи некаков бразилски третман или кератин. Познато е дека Афроамериканките имаат кадрави коси, па Мајер предупредува дека ако Меган забремени, никако не смее да користи ниту еден од горенаведените третмани.

„Мајка ми е Афроамериканка, а татко ми има германско и ирско потекло. Поради тоа мојата коса никако не може да биде права“, изјавила во 2011 година Меган Маркл.

„Ако остане бремена, веројатно ќе ја гледаме со разни пунџи и собрана коса затоа што тоа е единствено што ѝ преостанува кога повеќе нема да може да смее да користи силни хемикалии кои сега ѝ помагаат да добие уреден изглед на косата каков што посакува“, тврди професорката за светските медиуми.

Инаку, бразилските третмани за исправање на косата во својот состав имаат комбинација на формалдехид и кератин. Овие хемикалии заедно продираат длабоко во влакното и го израмнуваат. Процесот трае околу четири месеци.

 

 

 

 

 

Текстот Меган Маркл нема да може да ја сокрие бременоста е превземен од Reporter.mk.