Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, никогаш не криела дека сака да стане принцеза. Меган на својот блог The Tig пред четири години напишала дека сака да биде како Ши-Ра, принцезата на моќта. „Но, се чини дека возрасните жени ги задржуваат ваквите детски фантазии“, напишала Меган во објавата.
Блогот веднаш бил згаснат кога врската со принцот Хари станала сериозна.
Во постот во кој изјавила дека сака да биде принцеза Меган ја навела Кејт Мидлтон, а ја споменала и хуманитарката и принцеза Алија ал-Сенуси, како нејзини идоли.
„Видете ги само раскошот и околностите што го опкружуваат кралското венчавање и многуте разговори за Кејт Мидлтон“, изјавила Меган.
Преку имејловите со Ал-Сенуси, Меган, како што самата пишува, се допишувала со принцеза, иако не ѝ се верувало дека тоа ѝ се случува. И тогаш открила дека еден ден сака да биде принцеза.
Само две години по тој разговор, Меган го запозна Хари. Се сретнале на состанок на слепо. Веќе во ноември истата година двајцата ја потврдија врската, една година подоцна се свршија, а годинава се венчаа.
Текстот Меган Маркл отсекогаш сакала да биде принцеза е превземен од Reporter.mk.