Принцезата Меган Маркл за првпат патува без својот сопруг, принцот Хари. Принцезата од Сасекс во моментов се наоѓа во Канада, во градот Торонто и ќе го нема својот сопруг да ѝ прави друштво.
Торонто е градот во кој Меган се прослави во главната улога во серијата Suits.
Во Канада таа стигна со авион од канадска авиокомпанија, а од Кенсингтонската палата предупредија дека за време на летот никој не смее да ја фотографира или да ѝ се доближи.
Меган вели дека има намера да го запознае Хари со своите пријатели и блиски во Америка и Канада. Посетата принцот Хари ја најави за пролетта 2019 година.
Претходно Хари без присуство на својата сопруга Меган беше во посета на Боцвана. Кралската двојка честите патувања ги наведе како причина за одложување на родителството.
За време на престојот во Америка, Меган од својот татко Томас ќе биде оддалечена само 240 километри. Томас пред кралската венчавка на својата ќерка ѝ предизвика големи проблеми. Јавноста е во исчекување како ќе се одвива нивниот понатамошен однос, особено сега кога не се премногу оддалечени еден од друг.
Текстот Меган Маркл патува без принцот Хари е превземен од Reporter.mk.