Меган Маркл во идеален зимски капут со потпис на Калвин Клејн

Меган Маркл на синоќешното појавување во природнонаучниот музеј во Лондон каде присуствуваше на претставата The Wider Earth, се појавила во комфорна, топла и истовремено софистицирана комбинација.

Модните критичари велат дека една од најдобрите стилски вештини на војвотката од Сасекс, е тоа што умее да го подигне изгледот на едно повисоко софистицирано ниво и тоа само со еден потег.

Меган синоќа со својот сопруг принцот Хари повторно го украде вниманието и ги собра погледите на присутните. За оваа свечена прилика таа се одлучила за класична облека која ја споила од два модела.

Фустанот и капутот, но и белата боја, беа причината за оставениот голем впечаток на оваа многу едноставна комбинација која Меган ја претставиле како вистинска дама, велат модните критичари.

Фустанот со ролка е со потпис на прочуената американска куќа „Калвин Клеин“, а покрај снежната бела боја, критичарите велат дека Меган успеала да го запази и изборот на префинет материјал.

Во прашање е фино исткаена волна. За белиот капут на Меган кој совршено ѝ се вклопил со фустанот, се погржила британската дизајнерка Aманда Векели, жена која ја преферираат сите во кралското семејство.

Комплетното издание, Меган го заокружила со маслинесто зелени високи штикли од мазна кожа, кои целосно се поклопуваат со ташната без каиш.

Модните критичари велат дека за оваа пргода, Меган играла на сигурно и дека користела класична неутрална шминка, додека бојата на косата ја собрала во висока пунџа, додавајќи дополнителен тон на елеганција.

 

 

 

 

Текстот Меган Маркл во идеален зимски капут со потпис на Калвин Клејн е превземен од Reporter.mk.