Војвотката од Сасекс Меган Маркл можно е предвремно да се породи. Ова го сметаат британски медицински експерти за британскиот весник „Сан“, по последните направени фотографии од кралската двојка во Лондон.
Меган заедно со принцот Хари била на концерт, а двајцата биле забележани како излегуваат од задната врата на црквата Свети Лука. Надвор ги чекал автомобил, а Меган била облечена во син породилен фустан ѝ носела палто.
Кралскиот дописник за британскиот весник „Сан“, Емили Ендрус шпекулира дека веројатно кралксото бебе ќе биде родено во март, или на почетокот на април.
„Се што знаеме дека Меган со сигурност ќе се породи на пролет. Кога од Кенсингтонската палата најавија дека Меган е премена, во нивното официјално соопштение пишуваше дека бебето го очекуваат на пролет во 2019 година. Во тој период голем број на кралски набљудувачи претпоставуваа дека Меган е бремена само 12 недели, што значи дека таа треба да се породи на крајот на април или на почетокот на мај следната година.
„Но ми беше кажано дека нејзината бременост е забрзана од тоа што сите го мислат, ставајќи ја три недели порано од почетокот на Април. Неодамнешните фотографии од Меган со веќе големиот стомак, дадоа за право да се шпекулира дека можно е бебето да се породи уште во февруари 2019 година“, вели Емили.
Доктор Сара Џарвис, клинички директор на Patient.info за „Сан“ вели дека бебето може да се роди најверојатно во средината на третиот триместар.
„Голем број на фактори влијаат на тоа кога жената може да се породи. Речиси е невозможно да се даде прецизен рок, без да се стави рака на кралскиот стомак. На пример високите жени обично имаат подолга стомачна празнина, па затоа бебето може да изгледа помало. Кај Меган е обратен случајот. Мускулите во ѕидот на стомакот имаат тенденција да бидат посилни во првата бременост, и можат да го задржат бебето посилно. Ако бебето лежи со грбот по рбетот на мајката, стомакот може да изгледа поголем“, вели Џарвис.
Доктор Џарвис ги открила симптомите на Меган. Таа вели дека ова е најлесната фаза од бременоста. Екстремниот замор и гадењето се вообичани во раната бременост, додека болките во грбот од честите патувања, нарушениот сон се забележливи во последните три месеци.
Текстот Меган може предвреме да се породи, велат медицински експерти е превземен од Reporter.mk.