Меган направи инцидент поради хулахопки, Британците ја сметаат за размазена

Британските медиуми пишуваат за скандалот со сопругата на принцот Хари, Меган Маркл која повторно не сакала да ги испочитува правилата во кралското семејство поврзан со изборот на хулахопки.

Британски „Сан“, повикувајќи се на извор близок до кралското семејство открива дека Меган, непосредно по венчавката со Хари, направила инцидент поради евтиниот избор на хулахопки од брендот M&S кој и бил понуден од кралското семејство. Таа требало да ги носи на нејзиното прво појавување во јавноста.

Брендот M&S е познат во Британија по тоа што голем број од жените во оваа земја го носат. Поради тоа Меган го третирала како обично ѓубре и ја испратила својата асистентка да и набави поскапи од марката Wolford.

Пред роденденот на принцот Чарлс исто така сопругата на Хари направила инцидент. Воопшто не и се допаднало кога нејзината асистентка и кажала дека ќе и набави хулахопки од брендот M&S. Меган инсистирала да и бидат набавени поскапи хулахопки од брендот Wolford.

Едно пакување од два пара M&S хулахопки чини околу 7 евра, додека цената на едно пакување од Wolford хулахопки вреди неколку пати повеќе.

Ваквата приказна успеала да излезе во јавноста, откако нејзината трета асистентка за помалку од една година си дала отказ. Меган е позната по тоа што често ги крши кралските правила со обврската за носење хулахопки во боја на кожа и често се појавува без истите.

Британските медиуми бурно го следат секој нејзин чекор, а некои лица блиски до кралското семејство велат дека интересно е тоа што Меган успеала да ја подели јавноста во табори. Има такви кои ја сметаат за вистинско освежување, модна икона и спонтана војвотка, но има и такви кои мислат дека е само добра актерка и размазена Американка.

 

Текстот Меган направи инцидент поради хулахопки, Британците ја сметаат за размазена е превземен од Reporter.mk.