Меган не сака да чита за кавгите со Кејт, затоа што верува во карма

Војвотката од Сасекс Меган Маркл одбива да чита во весниците и таблоидите за кавгата која ја води со нејзината јатрва Кејт Мидлтон, затоа што верува во карма, пишува британски „Сан“ повикувајќи се на извор близок до кралското семејство.

Медиумите не прекинуваат да пишуваат за неа откако Меган се омажи за Хари. Во последно време Меган стана интересна за јавноста поради нејзината бременост, но и наводната кавга која ја има со Кејт Мидлтон и преселбата од Бакингамската палата.

Иако службено кралското семејство ги негирало сите гралсини и потврдило дека се е совршено мирно, британските медиуми пишуваат дека војвотката од Сасекс успева да се носи со лошите вести и коментари за себе.

„Меган веруа во карма и не сака да чита негативни коментари за себе. Иако ги следи актуелностите од светот, таа се труди да ги избегне сите медиумски натписи за себе“, вели изворот близок до кралското семејство.

 

 

Текстот Меган не сака да чита за кавгите со Кејт, затоа што верува во карма е превземен од Reporter.mk.