Војвотката од Сасекс Меган Маркел, денес го слави 38 роденден. Поради големиот број обврски во изминатиот период, Меган сака роденденот да го прослави во кругот на семејството, без голема забава, вели извор близок до кралското семејство.
Во последно време таа со Хари организира хуманитарна кампања и гостува како уредничка во септемвриското издание на списанието „Вог“.
Со својот сегашен сопруг, принцот Хари, почнаа да се гледаат во јуни 2016 година, а година дена пооцна се верија. Вереничкиот прстен кој Хари и го дал на Меган е изработен од накитот на неговата мајка, принцезата Дајана. Хари вели дека го дизајнирал тој самиот. Меган поради Хари се откажа од актерската кариера.
Хари и Меган во октомври минатата година потврдија дека чекаат дете. Синот Арчи го крстеа на приватна церемонија која се одржала во приватна капела на кралицата Елизабета во дворецот Виндзор. На крштевската пристуствуваа само најблиските пријатели и членови на семејството.
Од почетокот на нивната врска и влегувањето во кралското семејство, таа почна да живее сосема поинаков живот. До ден денес е на мета на критики на британската јавност, која не сака да ја избрише дамката од нејзиното минато.
Меган е запаметена по бројните семејни драми кои ја одбележаа. Нејзиното семејство тврди дека Меган не му помогнала на татко ѝ, мајка ѝ и нејзиниот брат, кои банкротирале и дека единствено што ја интересира се славата и моќта. Затоа и го завела принцот Хари.
„Таа е нарцисоидна и себична. Отсекогаш се пробиваше преку креветот. Се пали на мажи со портокалова коса. Ги собира како трофеи. Не можам да верувам дека Хари веќе ја запознал со неговиот татко, принцот Чарлс“, изјавила нејзината полусестра Саманта Грант.
Таа ја обвини дека го напуштила семејството кога им била најпотребна. Меган беше трн во око и на кралското семејство, пред се поради нејзиниот претходен брак со продуцентот Тревор Енгелсон. Двојката била во врска од 2004 година, а раскинале во 2013 година по две години брак.
Исто така многу и замериле дека одбива да се придржува на правилата кои ги поставила кралицата. Кога ќе седне, нозете ги вкрстува како да е сеуште американска актерка, а не припадничка на кралското семејство, велат од палатата. Таа го прекршила правилото и кога се сликала со нејзините фанови и кога им пишувала автограм.
Тоа исто така е спротивно на правилата на кралското семејство. На мета на критика е и поради синот Арчи. Меган е видена со него во јавна прошетка. Тие присуствувале на хуманитарен поло меч, на кој играл Хари.
Текстот Меган не сака забава, роденденот ќе го слави само со семејството е превземен од Reporter.mk.