Меган Маркл не сака да се откаже од титулата „Сасекс“ и покрај тоа што клраицата ѝ ја забранила да ја користи. Таа на своите пријатели им кажала дека нема таков закон кој може да ја спречи, таа и нејзиниот сопруг Хари, да ги користат овие кралски титули.
Претходно оваа недела, кралицата Елизабета им забранила на Меган и Хари да ја користат оваа титула. Тоа како што пренесува „Мејл Онлајн“, довело до голема кавга меѓу брачната двојка и кралицата.
Меган на своите блиски пријатели им пренела дека употребата на името не би требало да претставува проблем и дека не сака да ја користи титулата и да се занимава со продажба на маици и пенкала.
„Меган ни кажа дека сака да заврши со целата таа драма и дека не сака повеќе да се занимава со глупости. Исто и нејзиниот сопруг Хари“, вели нејзина блиска пријателка.
Војвотката од Сасекс исто така соопштила дека заедно со Хари работат на глобални проекти, но немаат цел да профитираат на сметка на нивните титули, вели изворот.
Текстот Меган не се откажува од титулата „Сасекс“ е превземен од Reporter.mk.