Меган носи момче, другарките ја издадоа

Меган Маркл, влегува во осмиот месец од бременоста. Медиумите пренесуваат дека војвотката на своите пријателки во Њујорк им откриле дека носи момче.

Анонимен избор тврди дека Меган на луксузното дарување на бебето им открила на Серена Вилијамс, Амал Клуни и останатите пријателки дека ќе роди момче, иако во јавност се зборуваше дека не го знае полот на детето.

Меган, минатата недела била во Њујорк, каде што нејзината пријателка Серена Вилијамс и’ организирала забава за дарување на бебето.

Иако ваквиот обичај се противи на строгите кралски правила, Меган добила подароци за нероденото бебе, а екипата се собрала во апартман во еден луксузен хотел во Њујорк. Наводно, летот со приватен авион од Њујорк и’ го подарила Амал Клуни.

Меган и Хари моментално се во Мароко, а наскоро се очекува војвотката да се повлече од јавноста, бидејќи наскоро ќе влезе во осмиот месец од бременоста.

Текстот Меган носи момче, другарките ја издадоа е превземен од Reporter.mk.